Македонија со важна победа над Азербејџан го освои третото место во групата
Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија со победа ја затвори групната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава, Словачка.
Препорачано
Во последниот натпревар од групата „А“, избраниците на селекторот Никола Велев го совладаа Азербејџан со 67:57 и со вториот триумф на шампионатот го освоија третото место во групата, кое им носи продолжение на натпреварувањето во разигрувањето за пласман од деветтото до 16 место.
Марко Луканоски беше најистакнат во македонскиот состав со „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 14 скока.
Коста Ќириловски натпреварот го заврши со 16 поени и шест скока, додека Сергеј Младеновски придонесе со 10 поени, пет скока и пет асистенции.
На Европското првенство следува слободен ден, а од 17 јули започнува елиминациската фаза. Како третопласирана селекција од групата „А“, Македонија ќе ги продолжи настапите во разигрувањето за пласман од деветтото до 16 место, каде ќе се сретне со Грузија, противник од групата „Б“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
28мин
-
53мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


