Фото: KF Shkendija

Шкендија против ФК Европа го потврдува пласманот во второто квалификациско коло на Конференциската лига

Денеска од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, фудбалерите на Шкендија ќе го играат реваншот од првото квалификациско коло во Конференциската лига против тимот на ФК Европа од Гибралтар.

Тетовските „црвено-црни“ со една нога се веќе во следната фаза, откако убедливо го добија првиот меч со 5:0, па се очекува возвратниот дуел да биде само рутина.

Играчите на тренерот Артим Положани треба само да го потврдат триумфот од првиот меч и веднаш потоа да се фокусираат на следниот ривал во натпреварувањето, словенечката екипа на Браво која директно обезбеди пласман во второто квалификациско коло.

Положани вели дека и покрај високата победа, тоа не значи дека неговите фудбалери ќе влезат опуштени во вториот мч со Европа.

Шкендија нема да смета на голманот Бабакар Гаје и дефанзивецот Анес Мелиќи кои поради повреди ќе го пропуштат денешниот реванш. Крилниот напаѓач Себастијан Спахиу останува неизвесен поради повреда, додека играчот од средниот ред, Дрилон Ислами чувствува болка на мускул и неговиот настап останува неизвесен.

Правдата во овој натпревар му е доверена на трио од Белорусија, предводено од главниот судија Антон Лашук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот