Ламин Јамал/EPA/SCOTT STRAZZANTE

Додека Јамал играше полуфинале на Мундијалот, драма се случувала во неговиот дом

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ објави дека синоќа бил спречен обид за провала во домот на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал.

Според информациите, во текот на ноќта организирана група разбојници извршила неколку обиди за кражби во истата населба во која живее младиот шпански репрезентативец, во периодот за време и непосредно по натпреварот меѓу Франција и Шпанија.

Околу 4 часот наутро, безбедносните камери и сензорите за движење поставени на имотот на Јамал регистрирале две маскирани лица кои се обиделе да го прескокнат ѕидот околу дворот. Благодарение на брзата реакција на приватното обезбедување, осомничените се откажале од намерата и избегале од местото на настанот.

За случајот веднаш била известена полицијата, која започнала истрага. Според првичните сомнежи, станува збор за организирани криминални групи кои ги таргетираат домовите на познати личности, спортисти и имуќни граѓани. Во дел од ваквите случаи, шпанските власти истражуваат и можни врски со банди од Балканот.

ВИДЕО | Магијата на Мундијалот: Англичанец ја продал куќата само за да отпатува во САД

Еден од најомилените фудбалери во светот не доби ниту една минута на својот последен Мундијал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот