Фото: илустрација / Дејан Проданоски / Фејсбук

Пак се разгоре шумскиот пожар на Огражден, го гасат три авиони

Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково, на планината Огражден, во Општина Ново Село, повторно се активираше откако претпладне беше објавено дека е ставен под контрола.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов информираше дека заради реактивирање на пожарот над село Бајково три ер трактори полетале кон местото на пожарот.

Во гаснењето, покрај ер тракторите, учествуваат и екипи на ТППЕ Струмица, ЈП „Македонски шуми“ ДПД „Рис-Оперативци“ од Ново Село, Шумска полиција и повеќе доброволци.

Вчера пожарот, кој зафати ниска вегетација и мешана шума, се прошири и се закануваше да ја зафати тамошната црква, но со крајни напаори тој беше локализиран и црквата беше спасена.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се регистрирани вкупно три пожари на отворен простор, од кои активен е оној на Огражден, друг е под контрола, а третиот е целосно изгаснат.

Со смарт камери ќе се откриваат пожари на критичните локации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот