Белата куќа во Вашингтон/Фото: Meyerbroeker, Agencja Fotograficzna Caro / Alamy / Profimedia

Вашингтон воведе нови санкции против седум ирански поединци и ентитети

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД воведе санкции против седум ирански поединци и субјекти „вклучени во меѓународна мрежа што поддржува напори за набавка на оружје во име на Иранската револуционерна гарда“, беше објавено денес во Вашингтон, пренесуваат американските медиуми.

„Санкционираните лица и субјекти денес илустрираат како Иран користи странски авиокомпании и превозни компании, финансиски канали и координатори за патувања за да ја прикрие улогата на Револуционерната гарда во нелегалните активности за набавка и да го олесни движењето на опрема и персонал низ целиот свет“, се додава во соопштението.

OFAC не ги именуваше поединците или компаниите против кои се воведени санкции.

Мерката следува по санкциите воведени од OFAC на 8 мај 2026 година и 10 јуни 2026 година.

Ќе ги уништиме сите електрани и мостови на Иран ако не преговараат, се закани Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот