Трагедија во Барселона: се удавија 11-годишни близнаци
Безживотните тела на двајца 11-годишни близнаци биле пронајдени вчера напладне во реката Тер, во близина на Манлеу, кај Барселона. Браќата исчезнале во понеделникот попладне, а се верува дека се удавиле кога отишле да се избањаат во реката откако играле фудбал. Потрагата која започнала во понеделникот вечерта заврши со трагично откритие, пишува „Ел Паис“.
Препорачано
Момчињата, како и многу пати досега, го поминале попладнето играјќи фудбал на училишното игралиште. Требало да се вратат дома околу 21 часот, кога игралиштето се затвора, но кога не се појавиле, семејството се загрижило. Според информациите од истрагата, браќата решиле да се избањаат во реката Тер пред да се вратат дома. Бидејќи ниту еден од нив не бил вешт пливач, а веќе било темно, тие се удавиле.
Потрага и пронаоѓање на телата
Таткото го пријавил за исчезнати по полноќ, по што локалната полиција на Манлеу ја известила каталонската полиција Мосос д’Есквадра, која започнала обемна потрага. Во потрагата биле вклучени дронови и нуркачка единица. Вчера околу 11:30 часот, службите за итни случаи пронашле облека во реката што одговарала на онаа што ја носеле браќата во понеделникот. Недолго потоа, околу 13:00 часот, телото на првото момче било пронајдено на длабочина од приближно три метри, а еден час подоцна, и телото на второто момче.
Официјалната идентификација сè уште се чека
Семејството, кое учествувало во пребарувањето, биле на местото на настанот и им било кажано дека пронајдените тела одговараат на описот на нивните синови. Сепак, официјалната идентификација на близнаците сè уште треба да се направи. Нивните тела се транспортирани во Институтот за судска медицина на Каталонија (IMELEC), каде што ќе се изврши целосна идентификација со отпечатоци од прсти. Обдукцијата ќе ги утврди и точните околности на смртта, иако сè укажува на случајно давење.
Семејна трагедија во Бугарија: Дедо, баба и двата внука се удавија во реката Струма


