Петер Сијарто ја напушти политиката, се вработи во кинеска компанија
Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, објави дека поднел оставка во парламентот и дека својата кариера ја продолжува како менаџер на кинеска компанија, пренесува „Полсат њуз“.
Препорачано
„Поднесов оставка од мојот пратенички мандат. Причината за ова е што добив исклучително престижна понуда од една од водечките компании во светската економија за извршување меѓународна функција“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Компанијата BYD, како што изјави Сијарто, е една од најголемите успешни приказни во автомобилската индустрија во последните дваесет години, а воедно и водечки светски производител на возила напојувани со нови извори на енергија.
„Од денес ја продолжувам мојата кариера како менаџер задолжен за надворешните односи на компанијата и развојот на нови деловни области во рамките на групацијата“, рече Сијарто.
Инаку, BYD е кинеска компанија која е формирана во 1995 година, првично за производство на батерии во Шенжен, Гуангдонг, а сега е најголем светски производител на електрични возила со приклучок.
Сега веќе поранешен унгарски министер, Петер Сијарто првпат влезе во Унгарското национално собрание во 2002 година, потоа беше личен портпарол на премиерот Виктор Орбан од 2010 година, а од 2012 година беше државен секретар за надворешни работи и надворешно-економски односи. Тој беше министер за надворешни работи цели 12 години, меѓу 2014 и 2026 година.
Сијарто уништува тајни документи во унгарското МНР, вели Маѓар


