Прес-конференција на Петер Сијарто и Сергеј Лавров во Москва, Русија / 21 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Унгарскиот шеф на дипломатијата со години ѝ давал на Русија доверливи информации од состаноците на ЕУ, објави „Вашингтон пост“

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто со години ѝ доставувал на Русија доверливи информации од Европската Унија, објави американскиот весник „Вашингтон пост“. Извештајот утрово го пренесе и „Еуроњуз“ додавајќи дека Будимпешта ги негира овие обвинувања, нарекувајќи ги измислици.

Според „Вашингтон пост“, кој цитираше анонимен европски безбедносен службеник, унгарските власти со години ѝ доставувале класифицирани информации на Москва од задкулисните дискусии на состаноците на лидерите на Советот на ЕУ.

Весникот објави дека помеѓу состаноците на ЕУ, Сијаро го повикал својот руски колега, Сергеј Лавров, за да го информира за разговорите на европските лидери и да предложи можни решенија за руските власти.

Според истите извори, „со години практично секој состанок на ЕУ се одржува со Москва на маса“, објави американскиот весник.

Полскиот премиер Доналд Туск денес реагираше на овие откритија.

„Веста дека луѓето на (унгарскиот премиер Виктор) Орбан доставуваат детални информации за состаноците на Советот на ЕУ на Москва не треба да биде изненадување. Долго време се сомневавме во тоа. Тоа е една од причините зошто зборувам само кога е апсолутно неопходно и го кажувам само најнеопходното“, напиша Туск во порака објавена на социјалната мрежа X.

Сијарто реагираше на пишувањето на американскиот весник, наведувајќи дека ова се лаги и дека сè е насочено кон поддршка на опозициската партија Тиса Петер Маѓар (Маѓар) пред парламентарните избори во Унгарија, закажани за април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот