ВИДЕО | Познат јутубер го прикажа Скопје низ напуштените места во градот — од врвови на згради до заборавени урнатини
Литванскиот јутубер Шај (Shiey) го посети Скопје и го претстави градот низ уникатна и несекојдневна перспектива, од врвовите на напуштени згради и урбано истражување на различни заборавени локации.
Препорачано
Во јутуб видеото насловено „Лудо патување низ Северна Македонија“, јутуберот ги објави најинтересните моменти од својата посета.
Преку ова видео, тој го претставува Скопје од еден поинаков агол, снимајќи од највисоките точки на напуштени згради и објекти кои веќе речиси никој не ги посетува, од каде се гледаат големи делови од главниот град. Во речиси час и пол долгото видео, тој ги посетува врвовите на зграда на плоштадот и хотелот „Стоун бриџ“ но и места како запуштените делови на железничката станица, урнатини и многу други локации.
Шај е литвански јутјубер и музичар, познат по качување по покриви, паркур, урбаното истражување и „трејнсурфинг“ низ цела Европа. Тој е третиот најпретплатен јутјубер од Литванија, а каналот го започнал во 2013 година, со првото (во моментот јавно) објавено видео во април 2015 година.
Оттогаш, има објавено повеќе од 140 видеа со вкупно над 200 милиони прегледи и речиси 3 милиони претплатници на главниот канал.


