Том Круз во филмот „Копач“ / Фото: Warner Bros. / Ferrari / Profimedia

ВИДЕО | Шокантна трансформација на Том Круз — актерот е непрепознатлив во трејлерот за новиот филм

Том Круз стана целосно непрепознатлив под дебелите слоеви шминка и протетика за неговата нова улога во филмот „Копач“ (Digger).

Објавувањето на првиот трејлер за филмот „Копач“ предизвика лавина од реакции бидејќи Том Круз се појавува во целосно непрепознатлива верзија. Филмот, чија премиера е закажана за 2 октомври оваа година, го означува враќањето на Круз во сериозните драмски улоги по една деценија доминација во акциони франшизи како што се „Топ Ган“ и „Невозможна мисија“.

Славниот актер нагласи дека овој проект, создаден во соработка со добитникот на Оскар, Алехандро Г. Ињариту, е вистинскиот кулминација на неговата четириесетгодишна кариера, пишуваат странските медиуми.

Со денови го слушал режисерот како го чита сценариото

Круз е познат како голем љубител на филмскиот занает, но за „Копач“ користел специфичен метод на работа за целосно да ја разбере визијата на режисерот. Тој открил дека Ињариту му го читал сценариото на глас со денови.

– На Алехандро му требаа неколку дена само да ми го прочита сценариото, а јас слушав сè што му беше на ум за да можам да го разберам, а потоа да знам како да придонесам за таа соработка – објаснил Круз на промоцијата на трејлерот во студиото „Ворнер Брос“.

Врвот на четиридецениска кариера

Иако Круз ги спаси кино благајните со „Топ Ган: Маверик“, тој го смета овој нов проект за свое најпредизвикувачко дело досега.

Ињариту ја развиваше идејата за „Копач“ од 2015 година, а му пристапи на Круз пред околу седум години.

– Трансформацијата низ која помина беше неверојатна. „Алехандро, ми требаа 40 години да станам овој лик“, ми рече еднаш Круз – рекол режисерот во видео порака, додавајќи дека ниту еден од нив никогаш не снимил нешто слично.

Враќање на драматичните улоги

„Ворнер Брос“ се надева дека оваа изведба ќе го потсети светот дека Круз не е само врвен каскадер, туку и актер со три номинации за Оскар.

Неговата трансформација е негова прва таква улога по комедијата „Тропски гром“ во која го играше Лес Гросман.

– Никогаш не сум имал нешто што би можело да ме предизвика на овој начин, ниту пак Алехандро го имаше кога почнавме со ова, никогаш. И кога ќе го видите овој филм, тој е сосема оригинален – рекол Круз.

Том Круз се враќа во третото продолжение на култниот „Топ Ган“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот