ВИДЕО | ФИФА ја смени топката, Мбапе не изгледа среќен
Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, ја претстави новата топка за завршницата на Светското првенство. Топката е во суштина иста, но Трионда доби нови бои за последните четири натпревари од турнирот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
ФИФА ја обои топката во црно-златна боја, а видео од реакцијата на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе по неговата прва „средба“ со новата Трионда почна да кружи на интернет.
На почетокот на тренингот на Франција, Мбапе ја зеде топката и прво ја проучи со прилично незадоволен израз пред всушност да започне со тренинг.
Трионда сега е црна со златни детали и истакнати црвени и розови делови.
Идејата на ФИФА е топката за најважните натпревари „да има уникатен визуелен идентитет“.
Ова не е прв пат ФИФА да ги менува боите на топката за финалните натпревари. Истото го видовме и во Катар 2022 година кога топката беше сменета за нокаут фазата, но и во Русија 2018, Бразил 2014, Јужна Африка 2010 и Германија 2006 година кога новиот дизајн беше резервиран само за финалето.
Денеска од 21.00 часот во првото полуфинале Франција ќе игра против Шпанија, а в среда во истиот термин Англија ќе се соочи со актуелниот светски шампион, Аргентина.
🚨Mbappe certainly doesn’t like the new World Cup ball for the Semi finals pic.twitter.com/QHXZQPCDGO
— Kalshi Footy (@KalshiFooty) July 13, 2026


