Јамал е ноќна мора за Мбапе: Французинот нема победа против младиот Шпанец
Во фудбалот рекордите се создадени за да се рушат, но некои бројки звучат речиси неверојатно. Една таква приказна испишува Ламин Јамал– младата ѕвезда на Барселона и Шпанија, кој иако има само 19 години, веќе остави огромна трага на најголемата сцена.
Препорачано
Пред полуфиналниот дуел меѓу Шпанија и Франција на Светското првенство, вниманието е насочено кон пресметката меѓу две генерации – Јамал, симболот на новата фудбалска ера, и Килијан Мбапе, еден од најдобрите играчи во светот.
Она што е особено интересно е фактот дека Јамал никогаш нема пораз од Мбапе во нокаут-фазите на големите натпреварувања. Серијата започна во полуфиналето на Европското првенство 2024, кога Шпанија ја елиминираше Франција, а младиот фудбалер постигна спектакуларен погодок кој го најави неговото светско деби.
Потоа следуваа уште четири големи пресметки. Барселона на Јамал ја совлада екипата на Мбапе, Реал Мадрид, во финалето на шпанскиот Суперкуп и финалето на Купот на кралот во 2025 година. Истата година Шпанија повторно ја победи Франција во полуфиналето на Лигата на нации, а серијата продолжи и во финалето на Суперкупот на Шпанија во 2026 година.
Резултатите од дуелите во кои настапуваа Јамал и Мбапе:
Полуфинале ЕУРО 2024: Шпанија – Франција 2:1
Финале Шпански Суперкуп 2025: Барселона – Реал Мадрид 5:2
Финале Кралски куп 2025: Барселона – Реал Мадрид 3:2
Полуфинале Лига на нации 2025: Шпанија – Франција 5:4
Финале Шпански Суперкуп 2026: Барселона – Реал Мадрид 3:2
Сега двајцата повторно ќе бидат на спротивни страни, но овојпат влогот е уште поголем – место во финалето на Светското првенство.
Де ла Фуенте: Мора да бидеме внимателни, да не правиме грешки против Франција
Кога на терен се среќаваат две фудбалски сили со огромен квалитет, често одлучуваат детали. Франција ќе бара начин да ја прекине серијата на Јамал, додека Шпанија ќе се надева дека нејзиниот млад магионичар ќе продолжи да создава историја.


