Билетите за последните натпревари на Светското првенство одат и до 30.000 долари
Светското првенство стигна до самиот финиш. По 100 одиграни натпревари, во трката за највредниот трофеј во светскиот фудбал останаа уште само четири репрезентации, а до крајот на турнирот преостануваат уште четири пресметки кои ќе ја дадат новата светска шампионска приказна.
Препорачано
Познати се полуфиналните двојки. Во вторник во Арлингтон ќе се соочат Франција и Шпанија, додека ден подоцна во Атланта следува вториот полуфинален натпревар меѓу Англија и Аргентина.
Расплетот на турнирот отвори можност за повторување на финалињата од последните големи натпреварувања. Франција и Аргентина повторно можат да се сретнат во битката за светската титула, како во финалето на Мундијалот во Катар 2022 година, додека Шпанија и Англија можат да ја обноват пресметката од финалето на Европското првенство во 2024 година.
Големиот интерес за завршницата на шампионатот се гледа и преку цените на билетите, кои достигнаа астрономски износи. За полуфиналните и финалниот натпревар, влезниците се продаваат по цени недостижни за голем дел од фудбалските навивачи.
За билет од втора категорија потребно е да се издвојат околу 7.380 американски долари, додека најдобрите места покрај теренот достигнуваат цена од над 30.000 долари. Во тие суми не се вклучени дополнителните трошоци за патување, сместување и престој во Соединетите Американски Држави.
Судиите најмногу ја оштетиле Хрватска на Светското првенство
Сепак, и покрај високите цени, интересот не се намалува. Завршните четири натпревари носат најголеми фудбалски имиња, огромен влог и борба за трофејот кој секој играч и секоја репрезентација сонува да го освои.
Мундијалот влегува во последната недела, а останува само прашањето – кој ќе ја испише последната страница од оваа голема фудбалска приказна.


