Фото скриншот
Фото скриншот

Девојчињата што во Куманово тепаа и снимаа врсничка, добија кривични пријави

Расчистен е случајот со насилството врз малолетничка во Куманово и поднесена е кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички, информираат од МВР.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13 март 2026 околу 18 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон. По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо, информираше МВР.

Но, девојчето четири месеци подоцна се охрабрило да отиде во полициска станица, гледајќи дека има сличен случај и во населбата Аеродром во Скопје, каде што исто така девојче беше тепано, понижувано и навредувано од група која снимаше.

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, сега во Куманово: девојче опколено во ќош и удирано со шлаканици и клоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот