ПРАШАЊЕ НА НЕДЕЛАТА | Над 80 отсто од анкетираните читатели побараа да се забранат електричните тротинети за млади под 18 години
„Слободен печат“ спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали треба да се забранат електричните тротинети за млади под 18 години?“.
Препорачано
Според резултатите, 81,01 отсто од анкетираните читатели одговориле потврдно, 18,59 проценти не сметаат дека треба да се стави забрана, додека 0,4 отсто немаат став за прашањето.

Во меѓувреме во Собранието беа донесени измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се регулира управувањето со електрични тротинети во јавниот сообраќај.
Со измените, максималната брзина на електричните тротинети се ограничува на 20 километри на час, наместо досегашните 25, а на малолетниците целосно им се забранува ваков превоз. Исто така, забрането е на еден тротинет да се качат двајца луѓе.
Малолетници не смеат да возат електрични тротинети – Собранието ги изгласа новите правила
Преку акциски и редовни контроли и со радари, полицијата ќе ги лови прекршителите на сообраќајни правила што возат електрични тротинети.
Од друга страна, МВР не знае како ќе се контролира изнајмувањето електрични тротинети на млади луѓе и дали ќе бараат од компаниите што ги изнајмуваат да ја ограничат брзината на тротинетите на 20 километри на час.
Гласајте на нашето ново прашање на неделата достапно на нашата веб-страница „Дали Владата во новиот состав ќе работи поефикасно?“.


