Судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга државната правобранителка Симона Зориќ Ристова / илустрација „Слободен печат“
Судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга државната правобранителка Симона Зориќ Ристова / илустрација „Слободен печат“

Ноќеска изгоре автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, непосредно откако жена му даде интервју

Во скопската населба Тафталиџе ноќеска изгорел автомобил кој го користел судијата Ѓоко Ристов, обвинет дека имал заѕидано 350 илјади евра. Само неколку часа претходно неговата сопруга Симона Зориќ Ристова која е државна правобранителка,  имаше подолго интервју во кое зборуваше за предметот, но и за други состојби во судот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 2 часот и 50 минути во СВР Скопје. Пожарот избувнал на патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р., на подрачјето на Карпош. Во пожарот биле оштетени и уште две возила – „Фолксваген туран“ сопственост на Д.М. и „Сангјонг“ сопственост на С.С., како и деловен објект во сопственост на Г.Л, велат од МВР.

Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од МВР велат дека во тек е увид за утврдување на причините и околностите за настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот