Сообраќајна несреќа со мотоцикл / илустрација / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тешка несреќа пред „Бристол“: Автобус удри во мотоцикл и го прегази

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во центарот на Скопје, во близина на поранешниот хотел „Бристол“, во која автобус удрил во мотоцикл па го прегазил.

Според првичните информации, автобусот со турски регистарски таблички прво удрил во мотоциклот, по што го прегазил. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи кои вршат увид и ги утврдуваат причините за случувањето.

Засега нема официјални информации за состојбата на мотоциклистот, ниту дали во несреќата има други повредени лица.

Од полицијата се очекуваат повеќе детали по преземените мерки.

Убиство во Скопје: син убил татко, кој пијан ја нападнал сопругата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот