илустрација / Фото: МВР

Шестмина се истепале по судир со автомобили во Ѓорче Петров

Во Ѓорче Петров вчера шест лица на возраст од 23 до 63 години физички се пресметале откако претходно направиле сообраќајка, информираат од МВР.

Според пријавата, настанот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот, а во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село Буковиќ, скопско, од друга страна.

Од Министерството велат дека полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот