Сериозно пијан охриѓанец предизвикал тешка сообраќајна несреќа кај Рача, тој е најтешко повреден
Жител на Охрид, кој возел автомобил со 1,8 промили алкохол во крвта, предизвикал тежок судир кај населбата Рача, во која освен возачот, кој има тешки повреди, и двајца негови сограѓани од другиот автомобил се повредени, информира МВР.
Препорачано
„На 09.07.2026 во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека кај Г.П. и сопатничката С.П.(57) од Охрид, биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, кај Љ.Ј. е констатирано дека имал 1,80 промили алкохол во крвта и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот, против Љ.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, пишува во полициското соопштение.
Трагедија во парк во Гостивар: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка


