Двајца тетовчани местеле лажна сообраќајка, ама ги фатиле камерите на „Безбеден град“
Двајца тетовчани сакале да наместат лажна сообраќајка со цел да извршат осигурителна измама, ама ги снимиле камерите на „Безебеден град“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На 8 јули во 21:55 часот, С.А. (44) од тетовското село Џепчиште пријавил дека на крстосницата меѓу улиците „135“ и „Саво Тасевски“ се случила сообраќајна несреќа, при што четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А. (45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел. По извршените проверки, полициските службеници ги прегледале снимките од безбедносните камери на системот „Безбеден град“ и утврдиле дека четирициклот воопшто не учествувал во сообраќајна несреќа. Наместо тоа, бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен, а потоа намерно превртен од неколку лица на тротоарот со цел да се инсценира незгода“ соопшти МВР.
По насоки на Основното јавно обвинителство Тетово, четирициклот бил одземен и задржан за понатамошна постапка.
Околу 23:50 часот полициски службеници ги уапсиле возачот Ш.А. и пријавителот С.А. поради основано сомнение дека сториле кривично дело „осигурителна измама“.
Осомничените се задржани во Полициската станица Тетово, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
ВИДЕО | Напуштен подрум во скопски Аеродром станал скривалиште за дрога


