ВИДЕО | Напуштен подрум во скопски Аеродром станал скривалиште за дрога

Поголема количина разновидна наркотична дрога била пронајдена вчера во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информациите, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени мерки, извршиле контрола во просториите, при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, една кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана и три дигитални ваги.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

АУДИО: Мајката на 14-годишното момче крвнички избодено со нож во Ченто тврди дека полицијата го води случајот како „насилство“, а не како обид за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот