Најдобриот фудбалер на Мароко нема да игра против Франција
Мароко се соочува со голем удар пред четвртфиналето на Светското првенство бидејќи една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата, Исмаел Саибари, сигурно ќе го пропушти дуелот против Франција поради повреда, потврди селекторот Мохамед Уахби.
Препорачано
Вечерва Мароканците ќе бараат и одмазда за поразот од 2-0 во полуфиналето на Мундијалот во Катар во 2022 година, но во еден од најважните натпревари во својата историја ќе настапат значително ослабени.
„Сите се целосно подготвени, освен Саибари. Овој натпревар доаѓа прерано за него, но се надевам дека ќе може да се врати до крајот на турнирот“, изјави Уахби во пресрет на четвртфиналната пресметка.
Саибари, кој неодамна го комплетираше трансферот од ПСВ во Баерн Минхен вреден 50 милиони евра, игра одличен турнир и е еден од највпечатливите фудбалери на Светското првенство. Постигна гол на секој од трите натпревари во групната фаза, а потоа беше прецизен и при решавачкиот пенал со кој Мароко ја елиминираше Холандија.
🚨 HUGE BLOW FOR MOROCCO! 🇲🇦💔
Star forward Ismael Saibari has been RULED OUT of tomorrow’s massive #FIFAWorldCup Quarterfinal clash against France due to a hamstring injury.
Coach Mohamed Ouahbi confirmed the devastating news ahead of the blockbuster showdown in Boston:… pic.twitter.com/t0VEF08O6B
— myKhel.com (@mykhelcom) July 9, 2026
Сепак, офанзивниот играч за врска се повреди на осминафиналниот натпревар против Канада, кој Мароко го доби со 3-0, и поради проблем со задната ложа мораше предвреме да го напушти теренот. И покрај напорите, не успеа навреме да се опорави за дуелот со Франција.
Се очекува неговото место во почетниот состав да го заземе Суфијан Рахими, кој токму против Канада влезе од клупата и се запиша меѓу стрелците.
Уахби, кој во март го наследи Валид Реграги на селекторската функција, порача дека неговата репрезентација нема намера да се задоволи само со пласманот меѓу осумте најдобри селекции во светот.
„Апсолутно сакаме да победиме. Нема да ги слушаме оние кои велат дека не е важно ако сега испаднеме. Не ми се допаѓа ставот дека веќе сме ја завршиле работата и дека сè што следува е само бонус. Ќе направиме сè за да се пласираме во полуфиналето“, истакна селекторот на Мароко.
Почнува четвртфиналето на Мундијалот: Мароко сонува одмазда против моќната Франција


