Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

Ривалдо му се поклони на Меси: Тоа што го прави на 39 години е неверојатно

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо повторно покажа голема почит кон Лионел Меси, по драматичниот пласман на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ истакна дека капитенот на „гаучосите“ и на 39 години продолжува да игра со истата страст и посветеност како на почетокот од кариерата.

Ривалдо преку социјалните мрежи ја пофали борбеноста на аргентинската репрезентација, нагласувајќи дека токму таква желба и пожртвуваност сакаат да гледаат љубителите на фудбалот на Светските првенства.

Девојката на Ерлинг Халанд откри како почнала нивната љубов: „Прво ми се допаѓаше неговиот најдобар другар“

„Каков борбен дух, каква желба за победа, каква борба и посветеност од сите играчи. Токму тоа навивачите сакаат да го видат на Светско првенство“, напиша Бразилецот.

Посебни пофалби доби Меси, за кого Ривалдо порача дека она што го прави на теренот е навистина неверојатно.

„Со сето должно почитување, Меси, тоа што го правиш на теренот е нешто неверојатно. На 39 години, на своето шесто Светско првенство, сè уште ја покажува истата страст за дресот на Аргентина. Се радува, се бори, плаче и повторно е решителен“, истакна легендарниот Бразилец.

Тиери Анри за Меси: Кога ќе се налути, никој не може да го запре

Тој додаде дека иако секогаш ќе навива за Бразил, знае да ја препознае големината на противникот и да им оддаде признание на оние што го даваат максимумот на теренот.

Освен за Меси, Ривалдо имаше пофални зборови и за Кристијано Роналдо, оценувајќи дека Португалецот е пример за професионализам, долговечност и постојано надминување на сопствените граници.

ВИДЕО | Во последен момент купил билет за Светското првенство, па седел до семејството на еден од најславните фудбалери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот