Андреј Сантос на чекор до Јунајтед: Челси бара 56 милиони евра за бразилецот
По заминувањето на Каземиро, Манчестер јунајтед започна потрага по нови засилувања во средниот ред. По веќе договорениот трансфер на Едерсон од Аталанта, „црвените ѓаволи“ се пред прагот на ангажман на уште еден Бразилец. Станува збор за фудбалерот на Челси, Андреј Сантос, кој веќе ги договорил личните услови со клубот од „Олд Трафорд“ и наскоро се очекува трансферот да биде официјализиран.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Фабрицио Романо, Јунајтед ќе плати 56 милиони евра за Сантос, плус дополнителни 2,4 милиони евра преку лесно достижни бонуси, додека Челси ќе задржи и 10 проценти од евентуален иден трансфер на 22-годишниот фудбалер.
🚨🔴 Andrey Santos to Manchester United, here we go! Deal in place with medical now booked in next 24h for Brazilian midfielder.#MUFC to pay £50m matching price asked by Chelsea plus 10% sell-on clause.
Contract until June 2031 to be signed tomorrow — follows @David_Ornstein. pic.twitter.com/l0o2LFXBtC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 8, 2026
Менаџерот Мајкл Керик инсистирал на дополнителни засилувања во средниот ред, не само поради враќањето на клубот во Лигата на шампионите, туку и поради тешката повреда на Мануел Угарте, кој ќе биде надвор од терените неколку месеци.
Првичните желби на Јунајтед биле Елиот Андерсон и Матеуш Фернандеш, но нивните клубови побарале суми од околу 100 милиони евра, па англискиот гигант се насочил кон Сантос како поповолна опција.
Иако Челси традиционално избегнува да продава играчи на директни ривали од Премиер лигата, Сантос не се сметал за недопирлив во составот на тренерот Чаби Алонсо. Минатата сезона имаше споредна улога во ротацијата, главно за да им се намали товарот на Мојсес Каиседо и Енцо Фернандез. Од неговите 27 првенствени настапи, повеќе од половината беа како резерва, а само четири пати одигра цел натпревар.
Сантос беше првото засилување на Челси во ерата на Тод Боли, кога во 2022 година пристигна од Васко да Гама за 12,5 милиони евра.
По неуспешната позајмица во Нотингем Форест, кариерата ја оживеа во Стразбур, каде што под водство на Лијам Розениор одигра сезона за паметење со 12 голови и пет асистенции на 45 натпревари. Тие настапи му обезбедија втора шанса во Челси и повик во сениорската репрезентација на Бразил од селекторот Карло Анчелоти.
Сепак, недоволната минутажа во Челси под водство на Енцо Мареска и Лијам Розениор придонесе да не се најде на конечниот список за Светското првенство.
За Челси, кој иако ретко продава играчи на директни ривали од Премиер лигата, оваа продажба претставува и одличен финансиски потег. Лондонскиот клуб ќе оствари значителна заработка од играч купен за само 12,5 милиони евра. Од друга страна, Манчестер јунајтед верува дека со Сантос и Едерсон ќе добие нова, млада и квалитетна бразилска оска во средниот ред за сезоната што следува.
Зошто Сантос ќе биде добро засилување за Манчестер јунајтед?
Сантос игра во средниот ред, тој е профил на играч кој прво размислува да ја пронајде вистинската опција за додавање, а не да ја носи топката сам. Неговите бројки за прогресивни пасови по 90 минути се особено силни, а истовремено учествува во голем број дуели во средината на теренот, слично како Бруно Фернандеш.
Она што посебно се истакнува е неговата способност да процени кога е моментот за ризичен, прогресивен пас нанапред, а кога едноставно треба да ја задржи топката и да игра посигурно. Тој ретко носи лоши одлуки и претставува играч кој ги прави подобри сите околу него.
Andrey Santos is being sold to go directly help a rival in Man Utd to finish above us again.
This is the cost of missing out on Europe, one game a week means players want to leave.
Chelsea will regret selling a young Casemiro.pic.twitter.com/79MscGjAoC
— JnR (@CFCJnR) July 8, 2026
Сега останува да видиме дали Сантос ќе успее да се наметне во системот на Мајкл Керик и да го покаже потенцијалот што го најави со настапите во Стразбур и Челси.
Иднината на Баркола под прашалник – ПСЖ пред реализација на трансферот на Аклиуш, Ливерпул демне


