Портпарол на албанската полиција, Скендер Хита / Фото: принтскрин / јутјуб/

Забрана немало за пратениците од Вреди, туку за лице од нивната придружба, велат од албанската полиција

Не станувало збор за забрана за пратениците од Вреди, туку за законска пречка за едно лице од нивната придружба. Ова на прес-конференција го изјави директорот на албанската полиција, Скендер Хита, по инцидентот во кој пратеникот и координатор на пратеничката група на партијата, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата на Македонија, Хасим Муртезани, вчера еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан иако имале дипломатски пасоши.

Според првиот човек на албанската полиција, на граничниот премин пристигнале четири лица, од кои тројца поседувале дипломатски пасоши.

„Три лица со дипломатски пасоши беа информирани дека може да го продолжат своето патување. Другото лице, кое беше во нивно друштво, имаше законски пречки на границата и не можеше да патува во Албанија – изјави Хита.

Тој додаде дека тројцата функционери потоа самите одлучиле да не го продолжат патувањето и заедно се вратиле во Македонија. Хита нагласи дека случајот не претставува исклучок и дека граничната полиција секојдневно постапува во слични ситуации. – Во текот на 2025 година идентификувани се 625 слични случаи, а само во првата половина од оваа година регистрирани се 425 случаи – рече директорот на полицијата.

Според него, државната и граничната полиција остануваат гаранти на спроведувањето на законот и нема причина за сомнеж во нивното постапување на граничните премини.

Инцидентот предизвика остри реакции во Македонија и во Албанија. Од Вреди побараа објаснување од официјална Тирана зошто биле задржани функционерите и дали за нив има забрана за влез во Албанија.

Случајот доаѓа по написите во албански медиуми дека Тирана ставила 60 лица кои се поддржувачи на протестите против Еди Рама во Албанија на „црн список“.

И претседателот на Собранието Африм Гаши побара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија.

Гаши бара одговори од Тирана, МНР ќе го повика Мејдани откако на двајца пратеници им беше забранет влез во Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот