илустрација / Фото: МИА

Кавадарчанец бил прегазен од својот трактор — го стартувал додека стоел до него

Кавадарчанец вчера се здобил со тешки повреди откако го стартувал тракторот додека стоел покрај него и бил прегазен во својот двор.

Несреќата се случила околу 20 часот, а повредениот Р.М. бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Според соопштението, мажот, на 75-годишна возраст, го стартувал тракторот додека стоел покрај него, по што возилото се придвижило и го прегазило.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

15-годишно момче од Штипско е тешко повредено, возејќи мотор се судрило со трактор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот