Грчко полициско возило / Фото: МИА

Двајца полицајци се осудени за силување тинејџерка во Атина

Грчки суд денеска осуди двајца полицајци за заедничко силување на 19-годишна девојка во Атина, објави „Екатимерини“.

Судот ги прогласи двајцата полицајци за виновни во случајот поврзан со полициската станица „Омонија“, отфрлајќи го предлогот на обвинителството тие да бидат ослободени од обвинение.

Еден од нив беше едногласно прогласен за виновен и за незаконско обработување лични податоци, откако беше обвинет дека ги снимал наводните дејствија со камера поставена на торбата што ја носел.

Третиот полицаец, кој беше обвинет за помагање и поттикнување на силување, беше ослободен со мнозинска одлука.

Судот ја прекина седницата по објавувањето на пресудата и се очекува повторно да заседава за да одлучи дали ќе им бидат признати олеснителни околности и да ги утврди казните за двајцата осудени полицајци.

Ужас во Грција: тинејџер од Албанија силувал девојче, го снимил злоделото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот