Фото: Wikimedia Commons / Kanal13

Нов протест одржан во Тирана, демонстрантите гневни зашто владата на Еди Рама дала 4 милиони евра за концертот на Канје Вест

Расте незадоволството кон владата на премиерот Еди Рама, чија итна оставка демонстрантите побараа и на синоќешниот 40. по ред протест во Тирана, на кој, меѓу другото, изразија револт и за издвоените 4 милиони евра од државниот буџет за концертот на американскиот рапер Канје Вест, што ќе се одржи утре во Тирана, пренесe Балкан веб.

„Иако на земјата ѝ е потребна заштита на животната средина од пожари, на болниците лекови, а на универзитетите научни истражувања, ниту едно од овие не е приоритет за албанската влада. Концертот на Вест, чии настапи ова лето беа забранети во неколку европски земји бидејќи тој го велича нацистичкиот лидер од Втората светска војна, Адолф Хитлер е приоритет за Министерството за култура, туризам и спорт“, рекоа дел од говорниците на протестот пред владата.

Демонстрантите, кои од пред владата продолжија со маршот низ улиците на Тирана, до околу полноќ, нагласија дека нема да го напуштат плоштадот без оставка на политичарите, а најавија сенационален протест утре, 11 јули.

Во меѓувреме незадоволство пред Министерството за култура, туризам и спорт, искажа и група уметници и активост порачувајќи дека „Во Тирана не сакаме пејач обвинет за антисемитизам“, а поставија и транспаренти со натписи „Министерство за забави“, „Министерство на срамот“.

„Во време кога албанските културни институции со години страдаат од недостаток на инвестиции, локалните уметници остануваат меѓу најмалку поддржаните во регионот, земјата се соочува со низа вонредни состојби и јавни потреби, владата одлучила да го финансира концертот на уметник кој неодамна го поддржа нацизмот, антисемитизмот и оправданото ропство“, соопшти групата.

Албанскиот премиер Еди Рама пред неколку денови изјави дека четирите милиони евра кои државата Албанија ги платила за концертот на контроверзниот американски рапер Канје Вест биле „вложување“.

„Во последен момент издвоивме четири милиони евра за да избегнеме срамота за Албанија пред очите на речиси 25.000 странски посетители од 80 земји, кои веќе купија билети за да го видат Вест, додека многумина стравуваат дека настапот би можел да биде откажан“, рече Рама.

Рама се правда за четирите милиони државни евра платени за Канје Вест — тоа било „инвестиција“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот