Александар Кржаловски / фото: ТВ 24 / скриншот

Кржаловски има идеја како Македонија да се заштити од нови блокади на патот кон ЕУ

Александар Кржаловски, директор на невладиниот Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), вечерва во емисијата „24 анализа“ на телевизијата „24“ рече дека државата се наоѓа на истото место како и пред четири години кога се усвојуваше „францускиот предлог“, кој, според него е основата на денешниот проблем.

Според Кржаловски, главниот проблем отсекогаш бил фактот што за клучните национални прашања кај нас не се постигнал консензус, за разлика од соседна Бугарија, каде сите партии застанаа зад ист став.

Бидејќи, според Кржаловски, е повеќе од јасно дека Брисел нема да попушти, тој нуди друго решение – „внатрешни гаранции“.

„Очигледно е дека нема ЕУ да ги даде гаранциите… она што застапуваат другите колеги се внатрешни гаранции ние самите да ставиме доволно огради или наши заштитни механизми“, вели тој.

Овие механизми, според Кржаловски, би се вградиле директно во Уставот или преку други законски акти, што би значело автоматско прекинување на преговорите доколку во иднина на маса се стават нови прашања кои задираат во македонскиот идентитет. Ова би било заштита дури и доколку дојде до промена на власта во иднина.

Тој е дециден дека статусот кво на патот кон ЕУ не е решение бидејќи ние таквата ситуација ја живееме од прогласувањето на независноста на државата.

„Ние 33 години ја живееме другава алтернатива… Ниту сме во Југославија, ниту сме во ЕУ. Така што, еве ја, таа е алтернативата. Ако ни се допаѓа вака, да си останеме вака“, рече Кржаловски додавајќи дека Владите се избрани за да ги решаваат проблемите, а не да ги одложуваат.

Кос: Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега не добила гаранции дека нема да се појави друг спор за време на преговорите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот