Мицкоски и Тошковски разговарале со првиот човек на Интерпол, од СДСМ им порачаа со криминалот да почнат од себе
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска се сретнал со првиот човек на Интерпол, генералниот секретар на полициската организација, Валдеси Уркиза. На средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, меѓу другите.
Препорачано
„Разговаравме за унапредување на соработката со Интерпол, за зајакнување на борбата против организираниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе и сите облици на прекуграничен криминал, како и за понатамошно јакнење на капацитетите на нашите институции. Македонија останува посветен и доверлив партнер во меѓународните безбедносни напори. Само преку силна координација, размена на информации и заедничко дејствување можеме поефикасно да ги заштитиме граѓаните, да го зачуваме владеењето на правото и да придонесеме кон поголема регионална и глобална безбедност“, напиша Мицкоски во објава на социјалните мрежи.
На средбата реагираше опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, од каде му порачаа на премиерот во борбата против криминалот да почне од себе и од неговата криминална група – ВМРО“
„Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал. Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе. Нека ги замоли Интерпол, додаваат од опозициската партија, веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина. Нека им каже дека дрога завршила во Србија, во селото Коњух, кај, како што тврди уапсениот, високо позициониран локален функционер на СНС, кај министерот Гашиќ, потпретседател на СНС, сестринската партија на ВМРО, и нивен голем пријател. Нека побара истрага, како е можно толку голема количина наркотици да влезе во земјата без знаење на институциите кои тој ги контролира. Нека се пријави и себе и целата организирана криминална група ВМРО на Интерпол. Така ќе имаат најмногу работ“а“, велат од СДСМ во реакцијата.


