ФОТО | Гоце Тодоровски е во болница, фановите ги објавија деталите
Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски е во болница, објавија негови фанови.
Препорачано
Актерот, чии улоги оставија неизбришлива трага во македонската театарска и телевизиска сцена, доби посета во болница од неговите сограѓани Мубедин и Џело, кои преку социјалните мрежи му упатија искрени желби за што побрзо закрепнување.
Тие објавија заедничка фотографија со актерот на болнички кревет, со порака во која му посакаа многу здравје, сила и што поскоро враќање на сцената.
„На посета кај легендарниот глумец од ‘Македонските народни приказни’, господин Гоце Тодоровски. Ви посакуваме од срце што побрзо закрепнување, добро здравје и повторно да Ве видиме на сцената, каде што припаѓате. Со Вас пораснавме, со Вашите улоги се смеевме, учевме и создадовме незаборавни спомени. Вие сте еден од најголемите и најомилените актери на македонската сцена и засекогаш ќе имате посебно место во срцата на публиката. Ви посакуваме многу сила, здравје и уште многу години исполнети со радост и успеси“, напишаа тие.
Во објавата додаваат дека поддршката доаѓа со искрена почит од Мубедин и Џело, со порака дека уметноста ги обединува луѓето.

Гоце Тодоровски е едно од најпрепознатливите имиња во македонското глумиште. Генерации гледачи го паметат по бројните театарски, филмски и телевизиски улоги, а особено по незаборавните ликови во култната серија „Македонски народни приказни“, со кои стана омилен кај публиката од сите возрасти.
Минатата година, еден од највлијателните македонски уметници, направи нешто што малкумина би очекувале од него, на 74 години се реши да ја направи својата прва тетоважа.
На рамото на Тодоровски сега стои симболична тетоважа – крст со ангелски крилја.
Инаку, специфично за него е што тој го има синот кој исто така се вика како него, Гоце Тодоровски, а неговата ќерка е има руско име, Сашенка. Тој е долги години во брак со Тања која му е голема поддршка.


