Маргарет Кволи и Џек Антоноф / Фото: Profimedia

„Често се караа, врската им беше турбулентна“: по речиси три години брак, се разделија Маргарет Кволи и Џек Антоноф

Актерката Маргарет Кволи и музичкиот продуцент Џек Антоноф се разделија по речиси три години брак, потврдија извори за магазинот „Пипл“.

Според извор близок до парот, нивната врска била „турбулентна“ уште од самиот почеток.

„Често се караа, а поради нејзината кариера и неговите постојани турнеи и долги часови поминати во студио, беше тешко да ја одржат врската“, изјавил изворот.

Друг извор наведува дека двајцата во моментов се обидуваат да сфатат како понатаму ќе се развива нивниот однос.

Во меѓувреме, Антоноф е на турнеја со својот бенд „Бличерс“, додека Кволи се подготвува за снимањето на хорор-филмот „Поседување“ (Possession).

Маргарет Кволи и Џек Антоноф / Фото: Profimedia

Гласините за разделбата почнаа да се шират откако Антоноф сам присуствуваше на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси на 3 јули, во друштво на својата сестра Рејчел.

Дополнително ги поттикна шпекулациите и тоа што Кволи ги избриша фотографиите од нивната свадба што во март ги објави на својот профил на Инстаграм. Тогаш со нив го одбележа објавувањето на песната „Dirty Wedding Dress“, во која Антоноф пееше за нивната свадба.

Маргарет Кволи и Џек Антоноф првпат беа поврзани во август 2021 година, кога беа фотографирани како се бакнуваат за време на прошетка во Бруклин. Во 2022 година првпат се појавија заедно на јавен настан, а неколку месеци подоцна ја објавија свршувачката.

Тие стапија во брак во август 2023 година на церемонија во Њу Џерси, на која присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои Тејлор Свифт, Ченинг Тејтум, Зои Кравиц, Кара Делевињ и Лана Дел Реј.

Во интервју за емисијата на Хауард Стерн во април годинава, Антоноф откри дека знаел оти Кволи е жената со која ќе се ожени уште во моментот кога ја запознал.

„Ја видов и беше како филм на ‘Холмарк’ во кој тешко можеш да поверуваш. Кога ја запознав, почнав да замислувам работи за кои никогаш претходно не сум размислувал, како брак“, изјавил тогаш музичарот.

Том Хенкс им даде брачен совет на Тејлор Свифт и Тревис Келси: „Мажот мора да прави…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот