Џастин Бибер / Фото: EPA/JILL CONNELLY

Џастин Бибер ќе им се придружи на Мадона, Шакира и „БТС“ на полувремето од финалето на Светското првенство

Пејачот Џастин Бибер ќе изведе спектакуларно шоу на полувремето од финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во Њу Џерси на 19 јули, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), пренесуваат странските медиуми.

Покрај Бибер, на финалето на Светското првенство ќе настапат и ѕвезди како Мадона, Шакира и јужнокорејскиот бенд „БТС“.

На програмата ќе бидат и нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел и хорот „ПС22“, составен од ученици од основно училиште од Стејтен Ајленд во Њујорк, а ќе им се придружи и групата „Колдплеј“.

Единаесетминутната изведба на полувремето, која ја смисли Крис Мартин од групата „Колдплеј“, е поддржана од Фондот на ФИФА и организацијата „Глобал ситизен“ за образование, која собира 100 милиони долари за децата ширум светот да имаат пристап до образование и фудбал.

– Светското првенство го обединува светот на начин на кој ниеден друг настан не може. Благодарен сум што ќе сум дел од ова шоу на полувремето, а уште повеќе затоа што знам дека ќе им помогне на децата ширум светот да имаат што е можно поголем пристап до образование – рекол Бибер во изјава.

Програмата на шоуто на полувремето е најпозната за време на Супербоул во американскиот фудбал, додека Лигата на шампионите организира концерт пред почетокот на финалето.

Овогодишната програма на полувремето од финалето на Светското првенство ќе вклучува некои ликови од анимираната серија „Улица Сезам“, како и ликови од „Мапет шоуто“ како што се Кермит и госпоѓица Пиги.

Шакира, Мадона и „БТС“ ќе настапат на првото шоу на полувреме во историјата на Мундијалите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот