Весна Петрушевска / Фото: Инстаграм/Весна Петрушевска

Непријатна случка на Весна Петрушевска во Скопје — уште еден проблем со автомобилот по случката во 2017

Весна Петрушевска-Бејби раскажа за малку ќе доживеала кражба во Дебар Маало, откако некој ги отворил вратите од нејзиниот автомобил.

Таа на „Инстаграм“ ја раскажа најновата непријатна случка. Актерката, во свој препознатлив стил, со доза сарказам и хумор раскажа дека иако уредно си платила паркинг, некој очигледно решил да ѝ испрати „порака“ дека паркирањето не ѝ е силна страна.

„Ако сакате да се паркирате во Дебар Маало, нема проблем. Јас се паркирав уредно, си платив паркинг место и, верувале или не, на враќање, јас и Мина си ја затекнавме колата со четири врати отворени!
Дали тоа беше опомена дека можеби ние сме се паркирале на погрешно место? Затоа што, знаете дека нешто паркинзите не ми одат многу од рака. Но, следниот пат се надевам дека на дрво ќе ја најдам колата. Сите врати ми беа отворени. Ништо не зеле луѓето, ама веројатно така си рекле: ’Ти тука, девојче, не можеш да паркираш!‘“, рече Весна на Инстаграм.

За среќа, инцидентот поминал без материјална штета или кражба.

Дека паркирањето на Весна Петрушевска има своја историја, говори и инцидент кој се случи во 2017 година, на кој самата актерка алудира во својата најнова изјава.

Во декември во 2017, тогашниот автомобил на актерката заврши директно во коритото на реката Вардар. Додека Весна беше на проба во Македонскиот народен театар (МНТ), нејзиниот автомобил, паркиран на приодот зад театарот, почнал сам да се движи по удолницата. Возилото ја пробило заштитната ограда, се и паднало директно во реката.

За среќа, автомобилот бил празен, па немаше повредени, а возилото подоцна беше извлечено со специјален кран.
Весна Петрушевска таа со денови тераше шега на своја сметка, изјавувајќи дека „на нејзиниот автомобил едноставно му било топло и сакал да се капе во Вардар“. Петрушевска дури сними и реклама на слична тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот