Објавени се номинациите за наградите „Еми“, доминира серијата „Пит“ со дури 25
Американската телевизиска академија ги објави номинациите за наградите „Еми“ за 2026 година, а најголем фаворит е медицинската драма „Пит“ со вкупно 25 номинации. Веднаш зад неа е комичната серија „Трикови“ со 24 номинации, што претставува нов рекорд за еден ситком, пренесува „Холивуд репортер“.
Препорачано
Меѓу новите наслови, најмногу се издвои серијата „Заливот на вдовиците“, која собра 19 номинации и со тоа стана најуспешниот дебитант оваа година.
Покрај фаворитите, двоцифрен број номинации освоија: „Еден од многуте“ (18 номинации), „Кавга“(16 номинации), „ДТФ Св. Луис“ (13 номинации), „Во живо во сабота навечер“ (11 номинации) и „Спајдер-Ноар“ (11 номинации).
Овогодинашните Еми награди ќе ги води Маришка Харгитај, ѕвездата на долгогодишната серија „Закон и ред“.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 14 септември, додека наградите „Еми“ за креативни уметности, каде што се доделуваат најголем број награди, ќе се одржат на 5 и 6 септември.
Харгитај е првата водителка на „Еми“ по речиси две децении која не е првенствено позната по своите комични улоги. Таа освои „Еми“ во 2006 година за нејзината улога како детективката Оливија Бенсон во гореспоменатата серија, која влегува во својата 28-ма сезона оваа есен.
Покрај тоа што е водителка на церемонијата, Харгитај е меѓу номинираните. Нејзиниот документарец „Мојата мајка Џејн“, посветен на мајката на Џејн Менсфилд, освои три номинации – за најдобар документарен специјал, најдобра режија и најдобра фотографија.
Академијата објави видео во кое ги претставува сите годинешни номинации:


