Фото: ФК Силекс

ВИДЕО | Силекс со гол на Хусакиќ го победи Динамо Минск во Бугарија

Силекс со минимална, но значајна предност ќе го дочека реваншот против Динамо Минск, откако кратовчани славеа со 1:0 во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига, одигран на неутрален терен во Бугарија.

Дуелот не изобилуваше со возбудувања и големи можности, бидејќи двете екипи играа претпазливо и тешко создаваа шанси пред противничките голови. Клучниот момент се случи непосредно пред паузата, кога Силекс избори пенал, а новото засилување Есмир Хасукиќ беше прецизен од белата точка и го постигна својот прв погодок во дресот на освојувачот на Купот на Македонија.

Во второто полувреме белорускиот тим имаше поголема контрола на топката, но не успеа сериозно да го загрози голот на Џеков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот