Матеј Гаштаров/ФК Црвен звезда

Матеј Гаштаров потпиша нов договор со Црвена звезда

Црвена звезда ја обезбеди иднината на еден од своите најперспективни млади фудбалери, откако официјално го продолжи договорот со Матеј Гаштаров до 2029 година.

Младиот играч за врска е роден на 15 ноември 2006 година во Скопје, а своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на Вардар. Во август 2024 година се пресели во белградскиот гигант, каде што брзо го привлече вниманието со своите настапи.

Во сезоната 2024/25 Гаштаров беше еден од најважните играчи во младинскиот состав на Црвена звезда, кој ја освои шампионската титула, а потоа како позајмен фудбалер настапуваше за Борац Чачак и стекна драгоцено сениорско искуство.

Од клубот истакнуваат дека македонскиот фудбалер ги одработил целосните подготовки со првиот тим и со своите настапи успеал да ја заслужи довербата на стручниот штаб.

Гаштаров игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а во Црвена звезда го издвојуваат неговиот силен удар од далечина, добрата прегледност на играта, прецизниот пас, големата работна етика и борбеноста, квалитети поради кои клубот гледа сериозна иднина во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот