Рубен Аморим конечно им се извини на навивачите на Манчестер јунајтед
Рубен Аморим доби отказ од управата на Манчестер јунајтед на почетокот на 2026 година по слаба серија резултати. На негово место дојде Мајкл Керик, кој успеа веднаш да го стабилизира тимот и да избори пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.
Препорачано
Од моментот кога доби отказ, Аморим не даде ниту една јавна изјава. Многу навивачи беа разочарани од португалскиот стратег и го обвинуваа дека го уништил тимот. Но, и покрај бројните критики, Аморим реши да замине тивко, свесен дека секој негов коментар само дополнително ќе ја разгори негативната атмосфера.
На 16 јуни, Аморим официјално беше назначен за тренер на Милан. Вчера беше одржана промотивна прес-конференција на која тој проговори и за неговото време во Манчестер. Им се заблагодари на клубот и на навивачите, а воедно и им се извини што не успеал да ги исполни очекувањата.
„Тешко е да се објаснат работите кога нешто тргнало наопаку. За време на мојот престој во Манчестер јунајтед научив многу.
Направив некои грешки, но тогаш беше тешко да им се обратам на навивачите. Сакам искрено да им се извинам. Горд сум што работев во Манчестер јунајтед повеќе од една година, а сега започнувам ново поглавје во мојата кариера.
Има многу работи што можеа да бидат подобри, но таков е животот. Од грешките учиме за да станеме подобри и да достигнеме повисоко ниво“, изјави Аморим.
🗣️ “I learned a lot, I made some mistakes, and I am sorry for that.”
Ruben Amorim apologises to Manchester United fans after he was dismissed by the club in January following 14 months at Old Trafford. pic.twitter.com/0RwobU7Gxm
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 8, 2026
Аморим не успеа да освои ниту еден трофеј во неговиот мандат во Манчестер. Доколку сезоната 2024/25 ја завршеше со освојување на Лигата на Европа, можеби отказот немаше да пристигне толку брзо.
Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“, забележа 25 победи на 63 натпревари, притоа загуби 23 средби. Во Премиер лигата оствари само 15 победи на 47 натпревари, со просек од 1,23 освоени поени по натпревар – најслаб учинок на кој било менаџер на Манчестер јунајтед во ерата на Премиер лигата.
Португалскиот стратег често беше критикуван дека е премногу тврдоглав бидејќи упорно ѝ остануваше верен на формацијата 3-4-3, без оглед на резултатите. Дури и по отказот, тој продолжи да ѝ верува на својата формација, која сега се обидува да ја наметне и во Милан.
Почнува четвртфиналето на Мундијалот: Мароко сонува одмазда против моќната Франција


