Ромарио/EPA/MARCELO SAYAO

Ромарио: Да бев претседател, ќе го отпуштев Анчелоти уште во соблекувална

Еден од најлегендарните бразилски фудбалери, Ромарио, жестоко го критикуваше селекторот Карло Анчелоти по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, оценувајќи дека италијанскиот стратег веднаш треба да биде разрешен од функцијата.

Бразил беше елиминиран во осминафиналето по поразот од Норвешка со 2:1, а Ромарио во својата емисија „Hora dos Craques“ порача дека, доколку тој одлучувал, Анчелоти веќе би бил поранешен селектор.

„Ќе му го раскинев договорот уште вчера. Веднаш по натпреварот ќе влезев во соблекувалната како претседател на федерацијата и ќе му кажев: ‘Ви благодарам за сè, довидување’. Потоа нека ги бара своите права по правен пат“, изјави Ромарио.

Според него, по ваков неуспех Анчелоти не може да остане на клупата на бразилската репрезентација.

„Нема шанси Анчелоти да остане селектор по ова фијаско и срам што го доживеавме. Тоа го зборував и во претходните три емисии, а сега само го повторувам. Нешто мора да се промени, вака не може“, истакна легендарниот напаѓач.

Сепак, подоцна го ублажи својот став и призна дека италијанскиот тренер не заслужува таков третман.

„Анчелоти е вистински господин, многу културен и добар човек и не го заслужи тоа што го кажав. Но, и понатаму сметам дека договорот треба да му биде раскинат и да се врати дома“, додаде Ромарио.

Maроко не се плаши од Франција: „Дојдовме тука за да станеме светски шампиони“

Конфликт стар повеќе од 40 години може да го одреди судијата за финалето на Мундијалот

ВИДЕО | Француски новинари се степаа за место на прес-конференцијата на Брахим Дијаз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот