Фото: EPA/JOSE MENDEZ

ВИДЕО | Матурираше најмладиот фудбалер на Мундијалот – на церемонијата доби овации од соучениците

Само неколку дена по настапот на Светското првенство, 17-годишниот Гилберто Мора доживеа уште еден незаборавен момент – дипломираше во средното училиште во Тихуана.

Младиот мексикански репрезентативец беше најмладиот учесник на Мундијалот, а селекторот Хавиер Агире му даде шанса да настапи во нокаут-фазата, каде што беше дел од победата над Еквадор и поразот од Англија.

На свеченоста по повод дипломирањето, Мора беше пречекан со бурни аплаузи од своите соученици, а честитка му испрати и легендарниот голман Гилермо Очоа.

„Честитки, Морита! Среќен сум што постигна уште една важна цел. Продолжи да учиш, да ги следиш своите соништа и остани човек каков што си. Фудбалската кариера минува брзо, но добрите луѓе никогаш не се забораваат“, му порача Очоа.

Младиот фудбалер не планира да застане тука. Покрај професионалната кариера, сака да се запише на универзитет и веќе активно учи англиски јазик, покажувајќи дека образованието останува важен дел од неговите планови.

Конфликт стар повеќе од 40 години може да го одреди судијата за финалето на Мундијалот

Почнува четвртфиналето на Мундијалот: Мароко сонува одмазда против моќната Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот