ВИДЕО | Француски новинари се степаа за место на прес-конференцијата на Брахим Дијаз
Прес-конференцијата на мароканската фудбалска репрезентација, која требаше да биде вообичаена најава на четвртфиналниот натпревар против Франција на Светското првенство, накратко беше прекината поради инцидент меѓу двајца новинари.
Препорачано
Додека репрезентативецот Брахим Дијаз одговараше на новинарски прашања, во салата избувна жестока расправија. Кавгата беше толку гласна што камерите во еден момент се насочија кон местото од каде што доаѓаше вревата.
Според присутните, двајцата новинари на француски јазик разменувале остри зборови, а причина за конфликтот бил спор околу личниот простор и меѓусебното попречување за време на следењето на прес-конференцијата.
„Зошто ме удри? Зошто ме удри? Не смееш да ме удираш. Ме удри, ме удри“, повторувал еден од новинарите пред обезбедувањето на ФИФА.
Набрзо интервенирале и други претставници на медиумите, кои успеале да ја смират ситуацијата и да воспостават ред во салата.
Дијаз на целиот инцидент реагираше со насмевка по што продолжи да одговара на прашањата како ништо да не се случило.
Почнува четвртфиналето на Мундијалот: Мароко сонува одмазда против моќната Франција


