Кристијан Ериксен/EPA-EFE/Friedemann Vogel

Ериксен не ги слуша советите, сака да продолжи да игра фудбал

Правните и медицинските предизвици повторно се испречија на патот на Кристијан Ериксен, кој и покрај сериозните предупредувања од лекарите е решен повторно да се врати на фудбалските терени, објави британскиот „Дејли Мејл“.

Според медицински експерти, постои сериозна загриженост за неговата здравствена состојба, а дел од нив предупредуваат дека ризикот од нов тежок срцев инцидент останува висок.

Искусниот играч за врска на Волфсбург минатиот месец колабираше за време на пријателскиот натпревар против Украина. Тоа беше втор ваков драматичен случај во неговата кариера, по колапсот што го доживеа на Европското првенство во 2021 година.

За среќа, вградениот кардиовертер-дефибрилатор реагирал навреме и го вратил нормалниот срцев ритам, со што му го спасил животот уште на теренот.

По инцидентот, данскиот репрезентативец ќе мине низ специјална индивидуална рехабилитациска програма во својата татковина.

И покрај драматичните случувања и препораките од лекарите, Ериксен нема намера да стави крај на професионалната кариера. Неговата цел е што поскоро повторно да се врати на зелениот терен.

Фудбалската јавност внимателно го следи неговото закрепнување, надевајќи се дека данскиот фудбалер повторно ќе може безбедно да му се врати на спортот.

ВИДЕО | Француски новинари се степаа за место на прес-конференцијата на Брахим Дијаз

Мирчевски се врати во Пелистер: Се надевам „Чкембари“ ќе ми простат за трансферот во Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот