Фото/ EPA-EFE/Tim van Wichelen

Тадеј Погачар стигна до 23. победа на Тур де Франс и повторно ја облече жолтата маица

Тадеј Погачар направи впечатлив солo пробив на легендарниот Кол дo Турмале, со што стигна до својата 23-та етапна победа на Тур де Франс. Со тоа тој повторно ја презеде контролата над трката и им го нарушил моралот на ривалите веќе по шест дена натпреварување.

Погачар, кој првпат ја облече жолтата маица по победата во Ле Англе оваа недела, ја искористи првата голема планинска етапа на Пиринеите за да покаже дека останува во сопствената класа. Двојниот светски шампион сам ги измина последните 43 километри и стигна на целта на шестата етапа со предност од 2:38 минути пред главниот противник Јонас Вингегор.

„Оваа победа влегува во топ пет од сите мои победи на Тур де Франс“, изјави Погачар. Тој додаде дека не размислувал за секунди или минути, туку едноставно сакал да даде максимум до целта.
Неговиот тимски колега Исак дел Торо заврши трет, 2:57 минути зад победникот, пред Ремко Евенепул и Пол Сеикс. Во генералниот пласман, Вингегор заостанува 2:42 минути зад Погачар, а дел Торо е трет.

Жештина и историски искачувања

Етапата започна во голема горештина, стартот беше обележан со неколку неуспешни обиди за „бегство од групата“ во почетниот дел. Тимовите на Погачар и Вингегор наметнаа брзо темпо уште пред најтешките искачувања.


Последната пиринејска етапа ги однесе возачите на две симболични искачувања, Кол д’Аспен и Турмале. Откако Бен О’Конор успеа да „побегне од групата“, му беше дозволена слобода бидејќи не претставуваше закана во генералниот пласман. Тој беше прв во подножјето на Аспен.
Потоа следеше тешкото искачување од 17,1 километар на Турмале, прво искачување од кралска категорија (Hors Catégorie) оваа сезона. Лидерот пред етапата, Торстејн Трејн, беше отфрлен уште пред Дел Торо и Погачар да забрзаат на околу 4,5 километри од врвот. Трејн подоцна падна на спустот и беше прегледан од медицинскиот тим пред да го продолжи натпреварот.


Погачар прв стигна на врвот, а на последното искачување кон целта во Гаварни-Жедр, тој веќе имаше предност од повеќе од минута и никогаш не погледна назад.

Профил на етапата

Шестата етапа ги врати возачите во Пиринеите, на релација Po – Гаварни-Жедр, во должина од 186,2 километри, со пет категоризирани искачувања, три од нив особено тешки: Кол д’Аспен (прва категорија, 12 км, просечна нагорнина 6,5%), Кол дo Турмале (кралска категорија, 17,1 км, просечна нагорнина 7,3%, врв на 2.115 метри надморска височина) и искачувањето до целта во Гаварни-Жедр (втора категорија, 18,7 км, просечна нагорнина 3,7%).


Турмале е втор по височина асфалтиран планински премин во француските Пиринеи. Од западната страна, од Лиз-Сен-Совер, искачувањето е долго 19 километри, со висинска разлика од 1.404 метри и просечна нагорнина од 7,4%, додека најстрмниот дел, непосредно пред врвот, достигнува нагорнина 10,2%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот