Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Како Леброн му го расипал денот на Остин Ривс

Остин Ривс и Леброн Џејмс поминаа пет сезони заедно во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, каде што изградија блиска врска. Џејмс уште рано го препозна талентот на Ривс и го зеде под свое крило.

Затоа, заминувањето на Џејмс од Лејкерс најтешко му падна токму на Ривс. Тој минатата недела му испрати порака на Џејмс откако дозна дека четирикратниот НБА шампион ќе го напушти клубот.

„Му испратив порака и му кажав дека имав одличен ден на голф-теренот, сè додека тој не ми го расипа“, изјави Ривс за „California Post“.

По елиминацијата на Лејкерс во второто коло од плејофот против Оклахома Сити Тандер во мај, Ривс зборуваше за својот однос со Џејмс и за тоа како двајцата изградиле пријателство и надвор од кошарката.

„Ме научи на многу работи. Му должам многу. Секој ден ми влеваше самодоверба“, рече Ривс.

Ривс, кој е голем љубител на голфот во прошталната порака до Џејмс минатата недела, напиша:

„Ти благодарам за сè. Се гледаме наскоро на голф-теренот, брате.“

Џејмс сè уште нема објавено каде ќе ја продолжи кариерата. Додека, Ривс има намера да потпише нов четиригодишен договор со Лејкерс вреден 185 милиони долари.

Ривс сега ќе мора да настапува без поранешниот соиграч кој неодамна му го „расипа денот“.

ВИДЕО | Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот