Леонид Игнатов/Velez Mostar

ВИДЕО | Леонид Игнатов со првенец во 92. минута го спаси Вележ од пораз во европските квалификации

Македонскиот фудбалер Леонид Игнатов се претвори во херој на Вележ, откако со гол во судиското продолжение му донесе реми на босанскиот тим против Милсами во првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига.

Игнатов доби шанса од клупата за резерви, влегувајќи во игра во 65. минута на местото на Месиќ, а во втората минута од судиското надополнување ја затресе противничката мрежа и постави конечен резултат.

Ова беше прв погодок на македонскиот фудбалер во дресот на Вележ, а воедно и исклучително важен, бидејќи му овозможи на својот тим да избегне пораз пред реваншот.

По ремито на домашен терен, Вележ ќе отпатува во Молдавија без резултатска негатива, каде за седум дена ќе се бори за пласман во следното квалификациско коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот