Доналд Трамп / Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLDS / AFP / Profimedia

„Се надевам дека ќе ви недостигам“ — Трамп вели дека оставил инструкции во случај Иран да го убие

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во, како што вели, своите планови за негова ликвидација, посочувајќи дека во тој случај, ќе следи одговор што Техеран „никогаш порано не го видел“.

Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп рече дека веќе долго време бил мета на Иран.

„Долго време сум на нивниот список. Со тоа се соочуваме. Единственото нешто што го направив беше што оставив инструкции дека ако нешто ми се случи, ќе бидат бомбардирани во размер што никогаш порано не го виделе“, рече Трамп.

„Се надевам дека ќе ви недостигам“

Во однос на предупредувањата на Израел од оваа недела за разузнавачки информации за наводен заговор за атентат врз американскиот претседател, Трамп рече дека немало нови информации за таков план, но го повтори тврдењето дека Иран со години го сака мртов.

„Не, не. Израел не откри ништо ново. Долго време сум број еден на нивната листа и така е“ рече Трамп и шегувајќи се додаде:  „Се надевам дека ќе ви недостигам“.

Според весникот „Њујорк пост“, Иран отворено му се заканува на Трамп од 2020 година, кога беше извршен напад по негова наредба и во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Тензиите меѓу САД и Иран дополнително се зголемија оваа недела, а за време на погребот на убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, демонстрантите носеа големи транспаренти со кои се повикуваше на атентат врз Трамп.

ФОТО | Порака на погребот на убиениот ајатолах: „Еј, Трамп. Ќе те убиеме“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот