Лавров: Решавањето на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги земе предвид интересите на другите страни
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва изјави дека секој договор за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги одразува интересите на сите страни, а не само на земјите директно вклучени во борбите, објави Ал Џазира.
Препорачано
„Не само Иран, неговите соседи и САД, туку сите земји кои на еден или друг начин трпат негативно влијание врз глобалната економија поради моменталната ситуација, изјави Лавров за новинарите по посетата на Мозамбик, објави Ал Џезира.
Русија ги осуди одлуките на самитот на НАТО за помош и одбрана на Украина
Тој рече дека Москва има заеднички став за случувањата околу Иран, Ормутскиот теснец и поширокиот регион на Персискиот Залив.
„Тргнуваме од фактот дека овој конфликт, секако, мора да се реши. И може да се заврши само со договор што ги одразува интересите на сите страни“, рече рускиот министер за надворешни работи, додавајќи дека тој мора да биде фер.
Лавров не даде детали за можниот формат на таков договор, но зборуваше за потребата од дипломатско решение на кризата.


