Фото: Blue origin/Фејсбук

Почина Воли Фанк, најстарата жена што била во вселената

Воли Фанк, најстарата жена што летала во вселената и пионер во авијацијата која волонтирала во програмата на НАСА „Жени во вселената“ во 1961 година, почина на 88-годишна возраст, објави американска вселенска компанија „Blue origin“.

Од градот Грејпвајн, на Фејсбук информираа дека Фанк починала во средата вечерта во својот дом во Грејпвајн, Тексас.

„Вoли беше сакана жителка на Грејпвајн чии извонредни достигнувања и великодушен дух оставија трајно наследство. Градот Грејпвајн е горд што ѝ оддава признание на Воли Фанк, чија извонредна кариера инспирираше генерации со рушење на бариерите во авијацијата и истражувањето на вселената. Фанк продолжува да служи како глобален симбол на решителност, упорност и извонредност“, стои во објавата.

Родена на 1 февруари 1939 година, Фанк го посветила својот живот на авијацијата, градејќи пионерска кариера обележана со бројни историски достигнувања. На само 16 години, се запишала на колеџот „Стивенс“ во Колумбија, Мисури, каде што се приклучила на женскиот летачки клуб на училиштето. Според Музејот на летање „Лоунстар“ во Хјустон, таа ја добила својата пилотска лиценца следната година.

И покрај тоа што беше одбиена од авиокомпаниите дури и откако ја доби лиценцата за комерцијален пилот, Фанк остана решена да успее. Подоцна стана првата жена што служеше како инспектор за летање за Федералната администрација за воздухопловство (FAA), а потоа и првата жена истражител за Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).

Таа во 2021 стана најстарата жена што патувала во вселената, кога се качи на лет со Џеф Безос на 82-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот