ВИДЕО | Огнена стихија ја зафати Јужна Шпанија — најмалку 12 се загинати
Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во Јужна Шпанија, додека 150 пожарникари се борат да го стават под контрола огнот, пренесува „Скај њуз“.
Препорачано
Министерот за итни служби на регионалната влада на Андалузија, Антонио Санц, го оцени пожарот како „најразорниот пожар досега во нашиот регион“ и ситуацијата ја опиша како „невидена трагедија“.
„Нашето најдлабоко сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија животите во Лос Гаљардос, а од сите нас им упатуваме поддршка на општините погодени од пожарот“, напиша претседателот на владата на јужниот шпански регион Андалузија, Хуанма Морено, на платформата „Икс“.
At least 12 people killed, 6 injured in Los Gallardos, Spain wildfire, officials say. pic.twitter.com/2jO5ve6o8C
— AZ Intel (@AZ_Intel_) July 10, 2026
Пожарот избувнал во Лос Гаљардос, општина во провинцијата Алмерија во Андалузија.
Ова се случува откако шумски пожар во Јужна Франција претходно оваа недела принуди евакуација на повеќе од 10.000 луѓе од дваесетина мали градови и села во близина на границата со Шпанија.
Раните летни топлотни бранови низ Западна Европа во мај и во јуни исушија огромни површини земја, што ги прави особено ранливи на шумски пожари оваа година.
Европа се загрева со повеќе од двојно поголема брзина од глобалниот просек, соопшти Светската метеоролошка организација, што ги прави продолжените периоди на високи температури сè поверојатни.
Сончаница или топлотен удар — еве како да ги препознаете опасните состојби


