Фото: МВР / Јутјуб / скриншот

ВИДЕО | Двајца криминалци од групата „Беланоца“ се уапсени во Албанија

Двајца членови на организираната криминална група „Беланоца“ се уапсени во албанскиот град Драч, во заедничка акција на македонската полиција, американската Дипломатска-безбедносна служба (ДСС) и полицијата на Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Уапсени се М.Џ. (26) од Скопје и С.Н. (34), роден во Норвешка. По двајцата биле распишани меѓународни потерници од Интерпол за низа тешки кривични дела, меѓу кои: убиство и убиство во обид, тешка телесна повреда, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и злосторничко здружување.

Од МВР велат дека кај уапсените биле најдени фалсификувани документи со кои најверојатно избегале од Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот